Брзи и вкусни уштипци од туна.
Состојки:
- 2 јајца
- 2 конзерви Тимко туна
- 4 лажици овесни снегулки
- 2 лажици нискомаслено бело сирење
- бибер
- оригано
Начин на подготовка:
- Јајцата малку рачно разматете ги, додајте исцедена туна, оригано, овесни снегулки и сирење. Додајте малку бибер и измешајте. Направете уштипци со раце. Ставете во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи