Ќе извалкате само еден лонец – Кремав ручек со пилешко без неред

Ќе извалкате само еден лонец – Кремав ручек со пилешко без неред

Вкусно пилешко месо со неверјатен сос и арома.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко
  • 200 гр. печурки
  • 150 мл. павлака за готвење
  • 100 гр. спанаќ
  • 75 мл. бело вино
  • 50 гр. пармезан
  • 3 лажици маргарин
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 чешни лук
  • 2 лажици сечен магдонос, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се загрева маргарин во лонец, се насолуваат и им се става бибер на парињата месо и се пржат од сите страни.
  2. Се вади од лонец и се прекрива со фолија месото.
  3. Се пржат на истата маснотија шампињоните кои треба да се исечени.
  4. Се пржи и сечениот лук, па се става брашно, се додава вино, павлака, пармезан и спанаќ, убаво миен и сечен.
  5. Се враќа и пилешкото во лонецот и се ставаат зачини и магдонос.
  6. Се крчка уште 5 минути и ручекот е готов.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text