Направете брз колач кој има чоколаден и префинет вкус.
Состојки:
- 6 јајца
- 10 лажици шеќер
- 200 гр. чоколадо
- 125 гр. маргарин
- 2 пакувања пишкоти
- млеко за пишкотите
Подготовка:
- Се двојат белки од жолчки, се ставаат жолчките во помала шерпа и се оставаат на пареа.
- Се додаваат 6 лажици шеќер, па се мати пенасто.
- Се става на пареа пак 10 минути со мешање.
- Се додава кршено чоколадо и се меша.
- Се трга и лади со повремено мешање.
- Се матат белките со останатиот шеќер и се додаваат во жолчките.
- Се става на тепсија пакување пишкоти кои биле потопени кратко во млеко да омекнат, па се става фил и се рамни, па горе другиот дел од пишкотите исто така со млеко.
- Се лади.
Уживајте! 🙂