Вкусна зимска салата кооја ќе ја збогати секоја трпеза.
Состојки:
- 1,500 мл вода
- 500 мл алкохолен бел оцет
- 125 гр шеќер
- 125 гр сол
- 1/2 кесичка винобран
- 1/2 кесичка конзерванс
- 10 гр шарен бибер во зрно
- 700 гр лути пиперчиња
- 400 гр црно и бело грозје
Начин на подготовка:
- Во тенџере ставете вода, оцет, сол, бибер, шеќер, винобран и конзерванс, измешајте и ставете на рингла, кога ќе зоврие, оставете уште 15 минути да врие, па изладете.
- Печените пиперчиња наредете ги во тегла, грозјето измијте го, па наредете го во тегла помеѓу пиперките и прелијте со ладен прелив. Оставете на суво и темно место.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи