Вкусно пилешко со кари…
Состојки:
- 1 кг пилешко бело месо
- сол
- бибер
- 2 лажици масло
- 2 лажици кари
- 1 помала главица кромид
- 2 чешниња лук, иситнети
- 400 мл кокосово млеко
- 400 гр домати, излупени, сварени и исечкани
- 200 мл доматен сос
- 50 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Пилешкото посолете го и побиберете го.
- Во тенџере загрејте масло и кари на средна температура околу 2 минути. Додајте кромид и лук и гответе уште една минута. Додајте пилешко и измешајте. Гответе на умерен оган уште 10 минути додека пилешкото не се зготви.
- Додајте кокосово млкео, домати, доматен сос и шеќер и сè добро измешајте. Поклопете и оставете да струи околу половина час. Повремено мешајте.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи