Месото ќе прими совршена арома и ќе биде меко и сочно…
Состојки:
- 100 мл сончогледово масло
- 100 мл маслиново масло
- 100 мл јаболков оцет
- 2 лажички сол
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка бибер
- 1/2 лажичка мелена црвена пипер
- 1 главица кромид
Начин на подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го, како и лукот. Сите состојки добро измешајте ги. Потопете парчиња месо во маринада, наредете ги во сад, залијте со останатата маринада и поклопете. Оставете на ладно неколку часа, најдобро преку ноќ.
- Пред печење месото извадете го од маринада, исцедете го и тргнете ги парчињата кромид. Печете прво од едната страна, потоа од другата страна додека не биде убаво запечено.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи