Погачици готови за 15 минути!
Состојки:
- 300 гр брашно
- 25 гр шеќер
- 2 лажички прашок за печиво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка чили во прав
- 100 гр ладен путер
- 100 гр рендано чедар сирење
- 250 мл матеница
- 1 јајце
- 1 лажица вода
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени, а тепсијата обложете ја со хартија за печење.
- Измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво, сода, чили и сол во еден сад. Ставете парчиња ладен путер и кратко матете. Додајте сирење и матеница, па префрлете на побрашнета подлога и кратко месете.
- Развлечете го тестото да биде со дебелина од 1,5 см, па исечкајте кругови. Премачкајте ги со жолчка, ставете во тепсија и печете 15 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи