Неверојатно вкусни – Полнети пиперки со кремав фил

Неверојатно вкусни – Полнети пиперки со кремав фил

Направете неверојатни полнети пиперки со кремав фил.

Состојки:

  • 12 пиперки
  • 2 домати
  • 150 гр. крем сирење
  • 100 гр. зденки
  • 200 гр. кашкавал
  • 1 јајце
  • 1 лажиче оригано и малку сол и бибер
  • 1шолја маслиново масло

Подготовка:

  1. Се чистат од семки пиперките, се мијат и сушат.
  2. Се лупи и ренда на крупно доматот, се меша со зденки, крем сирење и рендан кашкавал на крупно.
  3. Се додава јајце со оригано, сол и бибер.
  4. Се полнат преку дупчето направено од горе пиперките со смесата, се редат во сад за печење со масло, а ако ви остане фил се става помеѓу нив.
  5. Се преливаат со маслото и се печат на загреана рерна на 180 степени 50-60 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text