Брза подготовка, фантастичен вкус!
Состојки:
- 300 гр сирење
- 1 јајце
- 1 чаша јогурт
- 3 лажици масло
- 2 лажици кисела павлака Пекабела
- 1 лажица свинска маст
- 1 кесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Изгмечете сирење, додајте јајца, измешајте. Потоа додајте јогурт, масло, павлака па повторно измешајте па додајте брашно и прашок за печиво и соединете со лажица.
- Загрејте маст па ставете со лажица тесто едно покрај друго додека ја наполните тепсијата. Печете на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи