Едноставно се подготвува, вкусот е фантастичен!
Состојки:
- 300 гр чоколадо за готвење
- 100 гр путер
- 75 гр какао
- 20 гр кафе
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 1 лажица брашно
Начин на подготовка:
- Издробете го чоколадото и растопете го заедно со путер на слаб оган. Откако ќе се растопи и хомогенизира измешајте со какао и кафе. Оставете ја смесата да се излади на страна и за тоа време дорбо разматете јајца со шеќер и брашно.
- Ставете ја смесата од јајца во чоколадната и мешајте за да се изедначи. Ставете ја смесата во калап за печење со ѕидови кои се одвојуваат, а на кои сте поставиле масна хартија за печење.
- Испечете ја фината чоколадна торта во загреана рерна на 175-180 степени околу 15 минути. Внатрешноста на тортата останува благо течна, а од надвор има пријатна кора.
Уживајте!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи