Предлог за брза вечера: Омлет сендвичи

Предлог за брза вечера: Омлет сендвичи

Брзо и лесно подгответе омлет сендвичи за вечера…

Состоји:

  • 1 жолта пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 30 гр сланина
  • маслиново масло
  • 3 парчиња леб
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • 50 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте на коцки пиперки, кромид и сланина. Испржете на маст или маслиново масло. Одвојте на страна и ослободете ја тавата.

     

  2. Од лебот извадете ја средината, а потоа ставете го лебот на благо загреана тава. Ставете во средина издинстани состојки. Во сад измешајте јајца, сол, бибер и рендан кашкавал. Ставете во дупчињата од лебот. Свртете и допечете уште малку.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text