Пита со спанаќ која се прави брзо, совршена е со јогурт, за секој ден, особено за викендите.
Состојки:
- 500 гр. готови кори за пита
- 500 гр. сирење
- 500 гр. спанаќ
- 5 јајца
- 50 мл. јогурт
- 50 мл. масло
- 5 лажици гриз
- сол и бибер
Подготовка:
- Се става во сад сирењето кое треба да е ронето, јајцата, јогурт и масло, на крај гриз.
- Се меша смесата убаво, па и се додава убаво миен и сечен спанаќ.
- Се зема една кора и се премачкува со масло, се става друга кора на неа, се става од смесата и се мота ролна, која се става во намастен плех за печење.
- Се прави така со сите кори.
- Се сипува горе смесата која останала и се пече на загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути, зависи од рерната.
Уживајте!