Вкусен и брз оброк…
Состојки:
- 2-3 големи пиперки
- 1/2 векна леб, само средината
- 300 гр ситно сирење
- малку колбас
- 2 јајца
- малку магдонос
- 2 прстофати сол
- 70-100 мл млеко
- масло
Начин на подготовка:
- Во чинија измешајте леб, сирење, јајца, млеко, исечкан магдонос, малку сол и исечкан колбас. Пиперките сечете ги по должина, малку посолете ги и полнете ги. Пропрскајте со масло и печете на 200 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи