Предлог за следниот ручек…
Состојки:
- 500 гр компири
- 200 гр кисела павлака
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- 4 чешниња лук
- масло
- сув зачин или сол
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на кругови. Тепсијата намастете ја. Во чинија ставете павлака, јајца, лук и млеко и изедначете.
- Компирите наредете ги во тепсија и прелијте со павлака. Добро протресете. Печете на 220 степени околу 50-60 минути. Послужете топло.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи