Овој ручек не е тешко да го подготвите, а вкусот гарантирано ќе го обожавате!
Состојки:
- 2 главици кромид
- 400 гр мисиркино мелено месо
- 1 лажичка мелена пиперка
- сол
- бибер
- 2 чешниња лук
- 2 лажици презла
- 1 јајце
Состојки за бешамел со блитва:
- 500 гр блитва
- 30 гр путер
- 3 лажички брашно
- 400 мл млеко
- 2 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Издинстајте кромид околу 10 минути. Измешајте во сад месо, пиперка, кромид, лук, сол, бибер, презла и јајце и добро измешајте.
- Направете бешамел сос со блитва – во путер или маст додајте две лажици брашно и млеко. Блитвата обварете ја 10 минути, исечкајте и додајте ја во бешамел сосот. Посолете и додајте лук на крај.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи