Вкусен калоричен оброк…
Состојки:
- 1 кг млади компири
- 1 лажица мешавина од зачини
- 100 гр кашкавал
- 300 гр свежи шампињони
- 50 гр димена сланина Пекабеско
- 3 чешниња лук
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги шампињоните на парчиња и пржете ги во тенџере на загреано масло. Додајте сланина исечкана на коцки, мешавина од зачини, поклопете го тенџерето и оставете шампињоните да се динстаат околу 3 минути.
- Потоа додајте исчистени млади компири, изгмечени чешниња лук, посолете, побиберете и измешајте.
- После 40 минути тргнете го тенџерето од оган, додајте ситно рендан кашкавал и измешајте. Содржината од тенџерето префрлете ја во длабока чинија за сервирање.
- Јадењето можете да го украсите со гранчиња магдонос или рукола.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи