Направете вкусен крем со јаболки и круши.
Состојки:
- 2 јаболки
- 2 круши
- 400 гр. јогурт
- 1 лажиче лимонов сок
- 2 кеси желатин
- 1 лажица вода
- 2 капси есенција од портокал
- цимет за горе
Подготовка:
- Се лупат јаболките и крушите и се сечат ситно.
- Се ставаат во тефлонска шерпа со сок од лимон и се динстаав на слаб оган.
- Се меша јогуртот со есенција од портокал и се раствара желатин во вода, се става потоа во јогуртот, а јогуртот во овошјето на оган.
- Се меша и се става во чинии за десерт.
- Се лади и горе се става цимет.