Бомбици со бисквити и чоколадо

Бомбици со бисквити и чоколадо

Посни колачиња со бисквити и чоколадо.

Состојки:

  • 300 гр посни мелени бисквити
  • 250 гр маргарин
  • 8 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици рум
  • 3 лажици сок од портокал
  • посно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете маргарин, па додајте мелени посни бисквити, шеќер, рум и сок од портокал. Сè добро замесете, па од добиената маса направете топчиња.

     

  2. Секое топче потопете го во растопено чоколадо. Редете на решетка додека чоколадото не се исуши, а потоа секое топче ставете го во украсна хартиена корпичка.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text