Необичен, а вкусен оброк…
Состојки:
- 500 гр боранија
- 2 јајца
- 200 гр брашно
- 200 мл млеко
- сол
- бибер
- 1/2 веза магдонос
- 1 шолја брашно за поховање
Начин на подготовка:
- Исчистете, измијте и бланширајте ја боранијата во посолена вода околу 5-6 минути. Исцедете и оставете да се излади.
- Во сад разматете јајца, млеко и брашно. Додајте зачини и ситно сечкан магдонос. Во друг сад ставете брашно за поховање.
- Боранијата извалкајте ја во брашно, па во смеса од јајца и ставајте во загреано масло. Пржете до златна боја и оставете на хартиена салфета, да ја впие маснотијата.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи