Погачи со кисела вода – Мали кругови полни вкус

Погачи со кисела вода – Мали кругови полни вкус

Направете мали погачи со кисела вода.

Состојки:

  • 100 мл. кисела вода
  • 1 јајце
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 чешне лук толчен
  • 100 гр. рендан кашкавал
  • 200 гр. пченкарно брашно
  • 10 лажици масло и малку сол

Подготовка:

  1. Се мати јајцето со малку сол со вилушка.
  2. Се става кисела вода и прашок за пециво, малку сол и се остава да нарасне.
  3. Се додава потоа рендан кашкавал, ситнет лук и брашно.
  4. Се меша во густа смеса како за палента.
  5. Се загрева масло на тава и се формираат мали кругови од смесата со лажица, се пржат убаво од двете страни.

 

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text