Крем бруле со јагоди

Крем бруле со јагоди

Направете вкусен крем со павлака и јагоди.

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 500 мл. слатка павлака
  • 200 гр. шеќер
  • 2 кеси ванила
  • 150 гр. јагоди
  • 150 мл. вода

Подготовка:

  1. Се матат жолчките со шеќер додека не се растопи, а павлаката се загрева на оган, но не треба да врие.
  2. Се додаваат полека жолчките и се мати да се добие хомогена смеса.
  3. Се додава и ванилата.
  4. Се става смесата во керамички садови и се пече во рерна на 165 степени.
  5. Треба да се згусне кремот и тогаш е готово.
  6. Се лади, а на оган се става шеќерот да се карамелизира, па се додаваат јагодите со вода и се чека да се згусне.
  7. На секоја чинија крем се ставаат две лажички од јагодите горе.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text