Додека се уште има лубеница, направете сладолед од неа.
Состојки:
- 500 мл. слатка павлака
- 1 шолја кондензирано млеко
- 400 гр. лубеница
- 2 пакувања ванила
- 125 гр. кисело млеко
- ½ лимонов сок
Подготовка:
- Се сече и пасира лубеницата во блендер, па се процедува сокот.
- Се додава сок од лимон и се става во фрижидер.
- Се мати со миксер павлаката со ванилата и се става млеко пред да биде готова, кисело млеко и сокот.
- Се става во пластични садови смесата и се лади.