Вкусна и здрава зимница…
Состојки:
- 1 кг краставички
- 1 кг моркови
- 1/2 кг зелени домати
- 1/2 кг зелени пиперки
- 1 кг карфиол
- 1 кг зелка
Состојки за прелив:
- 750 мл алкохолен оцет
- 250 гр шеќер
- 150 гр сол
- 250 мл вода
- 1/2 л масло
- 1 кесичка бибер во зрно
Начин на подготовка:
- Зеленчукот измијте го и исечкајте го на кругови, а зелката на тенки резанки. Морковите малку бланширајте ги, околу 5 минути, па и нив исечкајте ги на кругови.
- Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и гответе на слаб оган до вриење. Кога ќе зоврие прелијте го зеленчукот кој сте го ставиле во тегли.
- Салатата е спремна за употреба веќе наредниот ден.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи