Направете чоколаден милка мус.
Состојки:
- 1 милка чоколадо
- 40 гр. маргарин
- 300 мл. павлака за готвење
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 жолчка
- 65 гр. пудинг од чоколадо
Подготовка:
- Се топи на пареа маргарин со чоколадо, па се трга и лади.
- Се мати павлаката со една жолчка, па се става прашакот за пудинг со шеќер во прав.
- Се додава лажица по лажица во истопеното чоколадо.
- Се мати заедно 2-3 минути и се става во чаши, а се украсува по избор.
Добар апетит!