Рецепт за највкусната домашна зимница!
Состојки:
- 15 кг пиперки
- 5 кг модри патлиџани
- 800 мл масло
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици есенција
Начин на подготовка:
- Пиперките и патлиџаните измијте ги, и испечете ги. Потоа исчистете ги и сомелете ги. Во тенџере ставете 800 мл масло, загрејте и додајте пиперки и патлиџани. Додајте сол, шеќер и есенција. Гответе со непрекинато мешање.
- Во врели стерилизирани тегли ставете врел ајвар, добро затворете и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете да преноќат во рерна.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи