Вкусна солена торта од компири – ќе ја правите постојано!
Состојки:
- 5 компири
- 150 гр шунка Пекабеско
- 150 гр кашкавал
- 1 јајце
- 200 мл павлака Пекабела
- сол
- бибер
- малку масло или путер
Начин на подготовка:
- Излупете и исечкајте компири на кругови. Гответе ги во солена вода додека не бидат речиси готови. Процедете.
- Во огноотпорен сад кој сте го намастиле со малку масло или путер, редете компири, кашкавал, шунка. И така додека не ги потрошите состојките. По компирите ставете малку сол и бибер.
- На крај прелијте со разматено јајце и павлака.
- Ставете во претходно загреана рерна на 200 степени додека горниот дел не порумени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи