Направете вкусни пржени топчиња од кашкавал.
Состојки:
- 400 гр. кашкавал
- 3 јајца
- 2 лажици масло
- 10 лажици брашно
- 1 лажиче прашок за пециво
- масло за пржење
Подготовка:
- Се ренда кашкавал и се додаваат матени јајца и масло.
- Се додава брашно просеано со прашок за пециво.
- Се меша да се добие тесто, се остава еден час во ладилник, па се вадат топчиња и се пржат на масло.
Добар апетит!