Домашен чоколаден кох: Семеен десерт за 20 минути

Домашен чоколаден кох: Семеен десерт за 20 минути

Мек и неверојатно сочен…

Состојки:

  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици брашно
  • 3 лажици гриз
  • 3 лажици какао во прав
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 800 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете пенасто јајца со шеќер, па додајте масло и млеко. Со непрекинато матење додавајте брашно, гриз, какао и на крај прашок за печиво. Печете 20 минути на 180 степени. 
  2. Додека тестото се пече, ставете го млекото да зоврие со шеќер и ванилин шеќер. 
  3. Испечениот колач оставете го да се излади неколку минути, како и млекото, па залијте и оставете целосно да се излади.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text