За подготовка потребни ви се само 3 состојки, а вкусот ќе ве освои!
Состојки:
- 2 шолји пире од компири
- 1 шолја брашно
- 3 лажици растопен путер или маст
Начин на подготовка:
- Компирите згответе ги, па направете пире во кое ќе додадете путер и сол. Додајте брашно колку што е потребно да добиете компактно тесто, но не смее да стане суво.
- Развлечете со сукало. Направте кругови со дебелина од 1,5 см. Направете дупчиња со вилушка па печете во тава додека не добијат златна боја.
Добар апетит!