Стар начин за подготовка на зимница…
Состојки:
- 6 кг домати
- 2 лажици сол
- 4 лажици шеќер
- кромид
- лути пиперчиња
- целер
Начин на подготовка:
- Доматите добро измијте ги, па исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Сомелете со машина за мелење и процедете во специјална цедилка.
- Ставете во тенџере, додајте сол и шеќер и гответе, додајте кромид, пиперчиња и целер. Кога ќе зоврие, гответе уште 10-15 минути.
- Шишињата загрејте ги во рерна 10 минути на 100 степени. Врелите домати ставете ги во врели шишиња.
- На секое шише ставете парче целофан потопено во алкохол или ракија, стегнете со гумица и ставете капачиња.