Здрава чорба полна со витамини!
Состојки:
- 500 гр пилешко месо
- 5-6 бамија
- 2 моркови
- 1 мала главица кромид
- 1 мал целер
- цветови карфиол и брокула
- 1 жолчка
- 1 лажица павлака
- сол
- бибер
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Половина од морковот изрендајте го, па запржете и додајте ја останатата половина сечкани моркови, месото и корен целер. Налијте вода.
- Бамијата ставете ја во тенџере, ставете 1/2 л вода и 1 лажица оцет и гответе 10-50 минути. Исцедете и малку измијте под ладна вода.
- На половина од готвењето додајте карфиол, кромид и бокула. Пред крај ставете бамија. Посолете и побиберете.
- Во помала чинија разматете 1 жолчка и додајте павлака да се изедначи. Додавајте полека во врелата супа и мешајте. На крај сѐ вратете во тенџере и загрејте до вриење. Додајте сечкан магдонос и чорбата е готова.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: