Вкусно предјадење: Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал

Вкусно предјадење: Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал

Вкусен рецепт за солена торта со зеленчук, кашкавал и салама.

Состојки:

  • 2 пакувања тост леб
  • 400 гр павлака Пекабела
  • 400 гр мајонез
  • 300-400 гр тенко сечкан кашкавал Ирко
  • 400 гр тенко сечкана шунка Пекабеско
  • 4 црвени пиперки
  • 1-2 краставици
  • 4 домати
  • малку магдонос по вкус
  • сол

Начин на подготовка:

  1. За да го приготвите филот потребно е да измешате павлака, мајонез, сечкан магдонос и да посолите по вкус. Краставиците и пиперките ситно исечкајте ги, а доматите исечкајте ги на кругови.
  2. Обложете тепсија (големина 35х25) со фолија па редете: тост леб, фил, салама, кашкавал, мешавина од краставица и пиперка, домат на кругови, тост леб, фил, салама, кашкавал, мешавина од краставица и пиперка, домат на кругови. најодозгора наредете тост леб.
  3. Прекријте со фолија, па ставете во фрижидер да отстои два часа.
  4. Потоа тргнете ја фолијата, поставете тацна од горе па брзо превртете ја тортата на тацнта. Тргнете ја и долната фолија па премачкајте го останатиот фил, односно украсете по желба со останатиот фил или со павлака.
  5. Тортата ставете ја во фрижидер и извадете ја непоредно пред да ја послужите.

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

singlepost_text