Брзо и едноставно направете вкусен ручек од пилешко месо.
Состојки:
- 500 гр пилешко
- брашно по потреба
- 1 шолја сусам
- 4 јајца
- 100 гр сенф
- презла
- сол
- билни зачини
Начин на подготовка:
- Парчињата пилешко извалкајте ги во сенф и по желба соја сос, па оставете да отстојат во фрижидер неколку часа.
- Секое парче извалкајте го во брашно, јајца, сусам и презла. Ставете во врело масло и пржете додека не добијат златна боја.
- Послужете со пире од компири или зеленчук.
Добар апетит!