Сенф, кари, пилешко – комбинација која ќе ве освои!
Состојки:
- 400 гр пилешко филе
- 4 лажици кисела павлака Пекабела
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка кари
- 1 лажичка сенф
- малку сол
- бибер
- 150 гр трапист сирење
Начин на подготовка:
- Направете компактна смеса од сите наведени состојки, освен трапист.
- Потопете ги тенко исечканите пилешки шницли во смесата и редете во намастен огноотпорен сад.
- Поклопете и печете на 220 степени околу 45 минути.
- На крај изрендајте трапист од горе и вратете во рерна на уште 5 минути. Пилешкото одлично оди со ориз или печен компир.
Добар апетит!