Направете вкусен француски леб со лук.
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 1 сув квасец
- 200 мл. топло млеко
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 50 гр. маргарин
- 1 јајце
- 1 лажиче оцет
- лук во прав
Подготовка:
- Се меси тесто така што се меша брашното со сол, изматено јајце и оцет, масло и квасец разматен со шеќер во млекото.
- Се меси тесто и се остава половина час да нарасне.
- Се дели на 8 дела, секоја топка се расукува и премачкува со растопен маргарин со лук во прав.
- Се витка ролат.
- Се редат сите 8 парчиња леб како ролат на плех со хартија и се премачкуваат со останатиот маргарин, па се печат половина час на 200 степени.
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки