Плескавици од тиквици од рерна: Сочни, вкусни и неповторливи

Плескавици од тиквици од рерна: Сочни, вкусни и неповторливи

Неодоливо вкусни и лесни – идеален летен ручек.

Состојки:

  • 1 помала тиквица
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • 4 чешниња лук
  • веза листови магдонос
  • 2 јајца
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици брашно
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата и морковот изрендајте ги. Пиперката исечкајте ја на ситни коцки.

     

  2. Посолете и измешајте и оставете да отстои 10 минути. Исцедете го сокот со раце. Во исцедениот дел додајте изгмечен лук, јајца, брашно, презла и магдонос.

     

  3. Добро соединете, направете облици и печете 40 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text