Кремасто пире од карфиол: Прилог кој ќе го обожавате

Кремасто пире од карфиол: Прилог кој ќе го обожавате

Лесен и вкусен прилог…

Состојки:

  • 1 средна главица карфиол
  • 2-3 шолји вода
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • 2 парчиња ловоров лист
  • 1 лажица путер
  • млеко по потреба

Начин на подготовка:

  1. Ставете посолена вода да зоврие, на средна температура. Кога ќе почне да врие додајте карфиол искинат на цветови, лук и ловор.

     

  2. Кога карфиолот ќе омекне, процедете ја водата и извадете го ловоровиот лист. Додајте путер и почекајте да се растопи.

     

  3. Изгмечете го карфиолот, а сол и бибер додајте по желба. По потреба во пирето можете да додадете и малку млеко.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко