Одличен мексикански сос…
Состојки:
- 1/2 главица кромид, ситно сечкан
- 1 рака свеж коријандер
- 1 луто пиперче
- сол
- бибер
- 2 големи авокада, изгмечени со вилушка
- 2 лажици сок од лимета
- 2 парчиња млад кромид, сечкан
- 1 лажичка црн сусам
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте кромид, коријандер, пиперче, сол и бибер. Изгмечете со вилушка. Додајте сок од лимета и авокадо. Мешате додека смесата не се соедини, па додајте млад кромид.
- Добро измешајте, па посипете со состојки по желба. Можете да користите семки од црн сусам.