Неодолива комбинација: Колач со јаболка и чоколадо

Неодолива комбинација: Колач со јаболка и чоколадо

Брз и неодолив колач со јаболка и чоколадо

Состојки:

  • 2 шолји рендани јаболка
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 1 јајце
  • 1 шолја мелени ореви
  • 1 шолја суво грозје или брусница
  • 1/2 шолја масло
  • прашок за печиво
  • 1.5 шолја млеко

Состојки за прелив:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 1/2 шолја млеко
  • 2 лажици маргарин
  • 4 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки направете изедначена смеса, ставете во намастен и побрашнет плех и печете на 180 степени 20-30 минути. Рерната претходно треба да биде загреана. Изладете го колачот.

     

  2. Направете чоколадна глазура (прелив) од наведените состојки и украсете го колачот.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text