Вкусен сладок сендвич со Нутела и банана…
Состојки:
- 1 зрела банана
- 4 парчиња леб за сендвич
- 2 лажици пржени бадеми
- 60 гр Нутела
Начин на подготовка:
- Излупете ги бананите и исечкајте ги на кругови. Исечкајте бадеми.
- Намачкајте Нутела на сите парчиња леб. Посипете со бадеми по лебот и малку притиснете ги со лажица. Наредете кругови банана на две парчиња.Покријте со друго парче леб премачкано со Нутела.
- Тостирајте ги сендвичите додека не станат крцкави. Исечкајте ги дијагонално и послужете ги топли.
Уживајте!