Летни кисели краставички – готови за само 2 дена

Летни кисели краставички – готови за само 2 дена

Подгответе летни кисели краставички – готови ќе бидат за само два дена.

Состојки:

  • 1 кг домашни краставици, светли
  • 1-2 дл алкохолен оцет
  • 1 лажица сол
  • малку копар
  • малку бибер во зрно
  • 1/2 л вода

Начин на подготовка:

  1. Краставиците измијте ги и исечкајте ги на четвртини, но не до крај. Краставиците треба да останат во парче.

     

  2. Во измиена и чиста тегла наредете краставици. Во оцетот додајте 1/2 л вода, лажица сол, гранче копар и неколку зрна бибер.

     

  3. Со течноста прелијте преку краставиците. Теглата покријте ја со чинија и оставете на сонце. За два дена, кога краставиците ќе побелат, ќе добиете вкусни кисели краставички.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко