Одлична комбинација за совршен ручек: Свински врат со компири

Одлична комбинација за совршен ручек: Свински врат со компири

Овој ручек ќе го обожавате!

Состојки:

  • 1,5 кг свински врат
  • морска сол
  • бибер
  • 50 гр сенф
  • 1 кг компири
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на кругови и држете ги барем 20 минути во ладна вода.

     

  2. Свинскиот врат посолете го, побиберете и истријте го со сенф. Компирите исцедете ги но не треба да ги сушите и да ги посолувате.

     

  3. Распоредете ги во сад за печење кој претходно сте го намастиле. Преку компирите наредете месо. Ставете да се пече 45 минути на 200 степени.

     

  4. Потоа извадете, месото свртете го, а компирите измешајте ги, па вратете го месото преку компирите, свретено од другата страна. Ставете да се пече уште 20 минути на иста температура, потоа извадете го месото, а компирите оставете ги да се печат уште десетина минути на 220 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text