Запечени компири со сирење и сувомеснато

Запечени компири со сирење и сувомеснато

Ручек кој ќе ви стане омилен!

Состојки:

  • 1 кг компири
    200 гр свежо сирење
    400 мл кисела павлака Пекабела
    50 гр сувомеснато Пекабеско
    сол
    зачин
    масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, исечкајте ги на парчиња и гответе ги 7-10 минути во солена вода. Сувомеснатото исечкајте го на коцки и кратко пропржете.

     

  2. Подгответе прелив од сирење и павлака, посолете и добро измешајте.

     

  3. Во намастен плех наредете ред компири кои сте ги посипиле со зачин. Преку ставете пропржено сувомеснато, половина од филот од сирење. Преку филот повторно наредете компири и залијте ги со чаша вода во која се готвеле компирите.

     

  4. Посипете со зачин и прекријте со слој фил од сирење. Добро намастете и запечете 30 минути во рерна загреана на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко