Брзо и вкусно јадење од карфиол…
Состојки:
- 1 кг карфиол
- 4 јајца
- 300 гр кисела павлака Пекабела
- 150 мл млеко
- 100 мл масло
- 1 лажичка сув зачин
- 1 лажица брашно
- 2 лажици презла
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Карфиолот измијте го, исечкајте го на крупни цветови и обварете го во солена вода. Не треба да биде мек, процедете. Ставете во намастена тепсија или огноотпорен сад.
- Разматете јајца со павлака, млеко, масло. Додајте брашно и презла, зачини, добро измешајте и иставете преку карфиолот.
- Печете во веќе загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Пред крај тргнете ја фолијата па кратко запечете да добие убава боја.
Добар апетит!