По желба во јадењето можете да додадете филети риба.
Состојки:
- 2 главици кромид
- 4 чешниња лук
- 5 свежи пиперки
- 1 голем домат
- 2 моркови
- 1 помала тиквица
- 1 мал корен целер
- 1 голем компир
- 50 гр ориз
- 1 лажичка мелена пиперка
- 1 лажица сув зачин
- масло
Начин на подготовка:
- На масло пропржете на крупно сечкан кромид и сечкана пиперка. Кога малку ќе се пропржи додајте сечкан морков и целер, тиквици и компир.
- Кога убаво ќе се издинста додајте малку мелена пиперка. Тргнете од оган и додајте измиен ориз.
- Измешајте и ставете во сад за ѓувеч. Од горе наредете домати на коцки. По желба ставете и филети риба. Печете на 220 степени 50-60 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: