Неодолива напивка од лубеница…
Состојки:
- 1/2 кг лубеница исчистена од кора и семки
- 3 дл сок од вишни
- сок од 1 лимета
- 1 лажица шеќер
- 10-12 листови нане
Начин на подготовка:
- Исчистените парчиња лубеница ставете ги во блендер. Додајте сок од вишни, сок од лимета, листови нане и шеќер и блендирајте додека не се растопи. Добиениот сок преместете го во сад и замрзнете.
- Смрзнатата смеса извадете ја со лажица и ставете повторно во блендер и уште еднаш кратко сомелете. Послужете со ситно сечкана кора лимета и декорација од нане.
Уживајте!