Посен колач со какао…
Состојки:
- 300 мл ксиела вода
- 100 гр шеќер
- 250 гр брашно
- 1 шолја од 100 гр гриз
- 100 мл масло
- 1 прашок за печиво
- 2 лажици какао
- малку рум
- 3 лажици џем по избор
- малку цимет
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете кисела вода, додајте ги сите состојки, добро измешајте и ставете во кружен плех кој сте го обложиле со хартија за печење. Печете на 200 степени, околу 45-50 минути. Како декорација можете да ставите ванилин шеќер или чоколадна глазура.
Уживајте!