Слатка брза торта со бисквити и праски – спремна за миг

Слатка брза торта со бисквити и праски – спремна за миг

Ќе го обожавате овој лесен десерт.

Состојки:

  • 200-250 гр бисквити во парчиња
  • 300 гр шлаг во прав
  • 400 мл млеко + 100 мл за потопување на бисквитите
  • 400 гр кисела павлака Пекабела
  • 150 гр мелени бисквити
  • 400-500 гр исчистени праски

Начин на подготовка:

  1. Во обрач или плех наредете бисквити потопени во 100 мл топло млеко.

     

  2. Во поголем сад разматете шлаг со ладно млеко. Потоа додајте кисела павлака и повторно разматете.

     

  3. Поделете ја смесата на два еднакви делови, па во еден додајте мелени бискви. Делот со мелени бисквити премачкајте го преку бисквитите.

     

  4. Исечкајте праски и наредете ги преку претходниот фил. Праските премачкајте ги со вториот дел од филот. Изладете, па послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text