Брза и вкусна крем супа од зеленчук…
Состојки:
- 2 лажици путер
- 1 поголем праз
- 1 поголем морков
- 1 компир
- 700-1000 мл пилешки бујон
- сол
- бибер
- мешавина од зачини
Начин на подготовка:
- Зеленчукот исчистете го и добро измијте го. Потоа исечкајте го на коцки.
- Во тенџере загрејте путер, додајте праз, кратко пропржете па додајте морков и компир, посолете и пржете со мешање уште 5 минути. Потоа додајте 700 мл бујон или пилешка коцка и вода, измешајте, покријте со поклоп и гответе дваесетина минути.
- Кога зеленчукот ќе биде зготвен со миксер сомелете го па вратете на шпорет. Ако е потребно додајте уште бујон/вода, додајте бибер и мешавина од зачини по вкус.
- Декорирајте со сечкан магдонос и пармезан.
Добар апетит!