Одлична комбинација за вкусна салата…
Состојки:
- 4 јајца
- 500 гр компири
- 1 конзерва пченка
- 2 конзерви туна
- 1 главица кромид
- 1 лажица сечкан магдонос
- сок од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Варените јајца измијте ги со ладна вода и оставете ги да се изладат. Потоа исчистете ги и исечкајте ги на осмини.
- Компирите гответе ги околу 25 минути да омекнат. Излупете ги па исечкајте ги на парчиња. Кромидот исечкајте го ситно. Ставете сѐ во голем сад. Додајте туна од конзерва, пченка и магдонос. Зачинете со сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер. Добро измешајте.
Добар апетит!